Горди сме на нашата долгогодишна соработка која датира од 2004 година со еден од најреномираните производители на лежишта во светски рамки - SKF Group.
Како овластен дистрибутер на SKF во Република Македонија за продажба го нудиме ЦЕЛОКУПНИОТ нивен асортиман.
За SKF групацијата
е глобален водечки снабдувач на производи, конкретни решенија и услуги за потрошувачите во бизнисот на тркалачки лежишта и заптивки. Решенијата што SKF им ги нуди на потрошувачите варираат од високоценети софистицирани системи со интегрирани електронски компоненти до конкретно лежиште или заптивка кои ги пресретнуваат барањата на специфичните апликации. Постојат и програми за подобрување на ефикасноста на постројката и со помош на напредната технологија и менаџментот на одржување, ја зголемуваат конкурентноста на пазарот.
SKF има повеќе од 100 фабрики ширум светот. Со својата ефективна дистрибуирачка мрежа, со својот пазар, е-бизнис и глобален дистрибутивен систем, SKF секогаш е блиску до потрошувачите за да ги снабди со своите производи и услуги.
Резултатите од овие напори на SKF Групацијата во областа на истражувањето и развојот водат до растечки број на иновации кои креираа нови стандарди и нови производи во светот на лежиштата.
Во продолжение погледнете го каталогот на SKF: